Воспитно-образовниот процес во едно општество е од витален интерес за секоја држава,  и истиот континуирано се подобрува, менува и усовршува во сите насоки.
Крајната цел треба да биде продукција на квалификувани кадри, кои ќе ги исполнат потребите на пазарот на трудот.
ОССУ,, Ѓоце Стојчески’’ – Тетово претставува јавна образовна институција, средно стручно општинско училиште кое со акт на верификација број 11-1993/4 од 11.06.2007 година функционира со следните основни насоки:

  1. Текстилно-кожарска насока со профилите:
  • Техничар за изрaботка на облека
  • Текстилен техничар
  • Техничар за дизајн на облеката
  • На 2019-2020 школска година профилот текстилен техничар ја направивме техниќар за изработка на облеката , сега од 2 се 3 паралелки.
  1. Хемиско-технолошка насока со профилите:
  • Хемиски лабораториски техничар
  • Прехранбен техничар
  • Техничар за заштита на животна средина
  1. Насока за ликовна уметност со профилот:
  • Дизајнер на ентериер, мебел и индустриски производи со акт на верификација бр.12-2503-2015 од 11.05.2016. Сите овие насоки се одобрени со Одлука за одбрување од новиот Статут на училиштето со број 0101-382/1 од 31.07.2013 издадено од МОН на РМ.
    Самоевалуацијата на нашето училиште се подразбира и прифаќа како инструмент-показател за дететкција на недостатоците, пропустите, потребите и како патоказ за подобрување на воспитно-образовниот процес со цел унапредување на постигнувањата на квалитетот на подготовката на нови кадри за време на четиригодишното школување.